Со заминувањето на Звонимир Бобан од Милан згаснаа и надежите на славниот клуб дека ќе може да го ангажира Лука Модриќ. Милан минатото лето имаше неколку не успешни обиди да го донесе капитенот на Хрватска на „Сан Сиро“. Се претпоставуваше деа ќе се обидат и ова лето да го обезбедат неговиот потпис меѓутоа според „Калчомеркато“ тоа повеќе не е можно.
„Модриќ е многу близок со својот идол, никогаш не криел дека поради Бобан во детството навивал за Милан. Сакаше да дојде во Милан една година пред да му истече договорот со Реал, но поради заминувањето на Бобан завршија контактите помеѓу клубот и Модриќ. Фудбалерот ќе остане во Реал до истекот на договорот, а потоа како слободен играч ќе се пресели во некој друг клуб каде што ќе ја заврши кариерата“, стои во текстот на „Калчомеркато“.
Најдобриот фудбалер во светото во 2018 година има договор со Реал до 30 јуни 2021 година.