Top Sport

Поранешниот НФЛ ресивер Колдвел убиен во обид за грабеж

Поранешниот НФЛ вајд рисивер, Реше Колдвел бил застрелан во саботата во Темпа, Флорида, открива неговата мајка Дебора Колдвел за „ТМЗ“. Според неа, Колдвел бил застрелан од напаѓачи кои излегле пред него од грмушки во обид на грабеж.

41-годишниот Колдвел играше за колеџ тимот на Флорида од 1998 до 2001, каде што имаше 141 фаќања за 2.088 јарди и 18 тачдауни, по што во 2002 година беше избран од Сан Диего чарџерс во НФЛ лигата. Тој играше четири сезони таму во 47 натпревари, по што играше по една сезона во Њу Ингланд патриотс и Вашингтон редскинс, остварувајќи вкупно 152 фаќања на топката и 11 тачдауни.

Но, по крајот на неговата кариера, тој влезе во повеќе проблеми со законот. Во 2014 година тој беше уапсен за поседување на дрога со намера за продавање и заврши во затвор, а во 2016 година беше осуден за обид за измама на здравствените власти.

Scroll to Top