Градоначалникот на Беневенто, Клементе Мастелја, побара истрага по шпекулациите во спортскиот весник „Кориере дело спорт“ дека два клуба од Серија А кријат позитивни тестови, за да ги откријат кога ќе се рестартира сезоната со што ќе примораат предвремен крај.
Ова го тврдеше уредникот на „Кориере“, Иван Ѕацарони во колумна , по што Мастелја бесно реагираше и бараше Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) да ги испита тврдењата. Беневенто, со Филипо Инзаги на клупата, се убедливи лидери во Серија Б со 20 поени предност, но во петокот 16 од 20 клубови од Серија А гласаа дека доколку сезоната не се заврши, нема да биде доделено скудетото и нема да има испаѓање и влегување во Серија А. Милан гласаа против, додека Рома, Лацио и Наполи беа возддржани.
„Има премногу тајни работи и интереси кои треба да се штитат. Разочаран сум од развојот на ситуацијата и барам ФИГЦ утре да почне да го разгледува случајот“, изјави Мастелја.