Top Sport

Фудбалер 74 дена заглавил на аеродромот во Мумбаи

Фудбалерот од Гана Ренди Жуан Милер поради пандемијата на коронавирусот на аеродрмот во Мумбаи бил заглавен 74 дена.

Милер, како актерот Том Хенкс во филмот „Терминал“ бил заглавен на аеродромот во Мумбаи. Разликата е само во тоа што Хенкс во популарниот филм заглави на аеродромот во Њујорк.

Фудбалерот живеел на Терминалот 2 на аеродромот во Мумбаи од 21 март кога Индија прогласи пандемија до 3 јуни.

Милер во Индија пристигнал во ноември минатата година во клубот Керале. Фудбалерот ниту добил шанса во овој клуб ниту успеал да заработи нешто. Кога му истекла шест месечната работна виза тој решил да се врати дома. Меѓутоа Индија ги затвори границите и тој останал на аеродромот во Мумбаи.

74 дена тој живеел од милоста на вработените на аеродромот и патниците кои патувале во гранците на државата.

„Том Хенкс и филмот „Терминал“ ми беа инспирација. Рано станував, се туширав и потоа шетав по терминалот. Вработените ми даваа храна и малку пари кои бргу ги трошев бидејќи на аеродромот се е скапо. Секој дена имав иста рутина. Гледав во небото и авионите. Не губев надеж дека еден ден и јас ќе бидам во еден од тие авиони“, рекол Милер.

Кога приказната по 74 дена стигнала до претседателот на фудбалскиот сојуз на Мумбаи тој најпрвин го сметил фудбалерот во хотел во Бандра, а потоа и му обезбедил лет до Гана.

Scroll to Top