Анте Гаџа не потпишал ништо со Вардар, самиот потврди дека се уште е играч на ППД Загреб. Клубот нема ништо против трансферот, но доколку Вардар го сака Гаџа во своите редови тогаш ќе мора да плати обесштетување.
„Вардар знае колкаво е обесштетувањето за Гаџа. Ќе го добијат нашиот ракометар кога ќе ги уплатата парите. До овој момент ништо не е реализирано, што значи дека Гаџа е играч на ППД Загреб“, рекол спортскиот директор на хрватскиот шампион Божидар Јовиќ.
Дека договорот не е реализиран потврдил и ракометарот. Гаџа открил дека покрај Вардар на него бил заинтересиран и Спортинг Лисабон.
„Вардар во моментов е подобра опција од Спортинг. Доколку клубовите се договорат тогаш ќе заминам“, рекол Гаџа.
Инаку, 27 годишниот Гаџа доколку пристигне во Вардар ќе биде замена за Сташ Скубе.