Ник Кирјос вели дека не сака да ангажира тренер бидејќи тоа е „обично расфрлање со пари“ и признава дека се сомнева дека некогаш ќе стане гренд слем шампион
Талентот на 25-годишниот Австралиец е несомнен и тој има пласман во четврт-финалињата на Австралија опен и Вимблдон, но генералната оценка е дека досега мораше да има поголеми успеси со малку поголема посветеност. За разлика од повеќето тенисери, тој патува без постојан тренер и не планира да го смени тоа.
„Лично, мислам дека ангажирањето на тренер е расфрлање со пари бидејќи тие и така чинат премногу. За мене… Едноставно, немам цел да освојам гренд слем, туку да одам по мојот начин, да се забавувам и да играм. Затоа е бесцелно да ангажирам тренер, бидејќи ќе го трошам и неговото време. Едноставно не сакам да слушам совети, да бидам искрен. Гренд слем? Не верувам дека моето тело може да изддржи седум такви меча од по три-четири часа“, вели Кирјос.
Иако потенцијалот е неискористен, Кирјос вели дека нема замерки.
„Кога би можел, само би пиел пиво секојпат кога играм. Сакам да кулирам, и мислам дека нашиот спорт го сфаќаат пресериозно. Имаше многу луѓе кои имаа што да кажат за мојата кариера и да, тоа помалку болеше. Бев дете, сакав да играм, а не да слушам некого“, додава Кирјос.