Top Sport

Берлускони: 30 милиони за Монца да влезе во Серија А, потоа дерби со Милан

Поранешниот италијански премиер и поранешен сопственик на Милан, Силвио Берлускони вели дека неговиот нов клуб Монца во новата сезона 2020/21 ќе оди на влез во Серија А за во 2021/22 да има дерби со неговиот поранешен клуб.

Влегувањето на Монца во Серија Б беше потврдено денеска, откако клубот беше прв во својата група во Серија Ц со 16 поени предност пред Карарезе.

„Воопшто не се сомневав. Почнавме на врвот и завршивме таму. Сега ќе направиме тим за Серија Б, а за влезот во Серија А се потребни многу фактори, но добро ги познаваме и ќе направиме сѐ да ги искористиме“, вели Берлускони.

Популарните „бјанкороси“ се наоѓаат во Бријанца, во близината на Милано, но 83-годишниот Берлускони, кој го води клубот со Адријано Галијани, вели дека тие не се „Ц-тим“ на Милан и дека ќе има дерби во Серија А за две години.

„Тоа може да се смета комплимент бидејќи Монца не се трет тим на Милан. Монца припаѓа на градот Монца, на Бријанца и на 900.000 жители. Градот има свој идентитет, различен од Милано. Инаку, го работиме тоа што го правевме и во Милан – постојано сме во контакт, ги мотивираме, ги стимулираме и ги наградуваме за перформансите на теренот. Не сум ги загубил моите добри навики“, додава Берлускони.

Крај на Серија Ц, Монца на Берлускони ќе игра во втора лига

Scroll to Top