Легендарниот капите на Барселона Карлес Пујол на социјалните мрежи објави видео од Ел Класико кога со неверојатна интервенција го спречи Робарто Карлос да постигне гол.
Бразилецот познат по својот силен удар од непосредна близина се обиде да постигне гол, во тоа го спречи Пујол кој на гол-линијата интервенираше со глава.
„Денес го најдов ова видео, никогаш претходно сум немал можност да го видам од оваа перспектива…Роберто пријателе, за малку ќе ми ја скинеше главата“, напишал Пујол на Инстаграм.
Пујол 15 години го носеше дресот на Барселона, во пензија замина во 2014 година.