Top Sport

Бреша не му дозволи на Балотели да влезе во тренинг-центарот

Марио Балотели ќе ја напушти Бреша. Првиот човек на клубот Масимо Челино неколу пати изминатите денови го потврди ова, а доколу Балотели не можеше да ја разбере одлуката сигурно дека по она што му се случи денес му стана јасно дека не е пожелен во тимот.

Балотели неколку пати ја прекршил клупската дисциплина, Челино повторуваше дека е разочаран од неговото однесување, а медиумите во саботата објавија дека клубот го раскинал договорот со напаѓачот, иако од Бреша нема потврдата дека Балотели повеќе не е нивни фудбалер.

Она што клубот не може да го негира е дека обезбедувањето утрово не го пуштило да влезе во тренинг-центарот „Торболе Касаља“.

Балотели се појавил пред портите на тренинг-центарот 20 минути порано, а потоа остана шокиран кога од обезбедувањето му рекле дека не може да влезе.

Револтираниот Балотели додека заминувал им рекол на новинарите.

„Сега напишете дека не сакам да тренирам“.

Scroll to Top