Кошаркарите на Црвена звезда, без Перо Антиќ и Џејмс Фелдин, го совладаа Олимпијакос во Белград 89:78 (24:20, 19:14, 14:29, 32:15) во 20.евролигашко коло. Оваа победа е прва за Црвена звезда над Олимпијакос во Евролигата. Блескаше Дилан Енис која за само 18 минути игра имаше валоризација 31.
Првото полувреме во Белград во целост и припадна на Црвена звезда. Предводени од Дангубиќ и Енис домашните играчи го диктираа ритамот, во втората четвртина стекнаа двоцифрена предност, а три пати имаа и максимална разлика од 12 поени.
Олимпијакос се разбуди во третиот период, Робертс беше творец на пресвртот, а клучен момент беше 24 минута кога поради бурна реакција на една судиска одлука исклучен поради две технички беше домашниот тренер Душан Алимпијевиќ.
Грчкиот состав го искористи моментумот и нервозната игра на противникот, третиот период го доби до 14:29 и со предност од шест поени влезе во решавачката четвртина.
Играа играчите на грчкиот тим подобро и на стартот од последниот период имаа и предност од осум поени (61:69) во 37.минута, но потоа Бјелица, Давидовац и Енис иницираа серија 13:3 со која домаќинот ја врати предноста и на крајот стигна до победата.
Дилан Енис одигра неверојатен меч за 18 минути имаше учинок од 21 поен (4/6 за два, 4/6 за три), 8 скока и 5 асистенции, а двоцефрен број на поени, по 11 постигаа Тејлор Рочести и Немања Дангубиќ.
На споритвната страна најефикасен со 16 поени беше Василис Спанулис, 14 постигна Брајан Робертс, а 12 Костас Папаниколау кој на поените додаде и 8 скока и 6 асистенции.