Top Sport

Мејведер го покажа чекот од 100 милиони

Не за џабе Флојд Мејведер Јуниор има прекар ’Money’ (пари). Американскиот боксер преку Инстаграм се пофали со чекот од 100 милиони долари кои ги заработи за дуелот со Конор Мекгрегор минатата година.

Мејведер беше подобар од УФЦ мега-ѕвездата Конор Мекгрегор во боксерски меч во Лас Вегас, комплетирајќи ја кариерата со 50-0 скор.

„Некои велат дека има разлика меѓу тоа да си умен и интелигентен. Кога се работи за мудрост над годините, јас покажав дека имам допир како кралот Мида. Математиката е јасна, кога имаш 50-0 скор ги читаш противниците како што вие го читате овој чек од 100.000.000$. Додека добивам вакви чекови, јас последен се смеам“, напиша Мејведер посочувајќи на античкиот мит за кралот кој претворал во злато сè што ќе допрел.

Мејведер инсистираше дека мечот со Мекгрегор е неговиот последен, но сега повторно се јавија шпекулации за можен ри-меч, а самиот Американец најави дека може да влезе во УФЦ рингот и за четири меча да заработи милијарда долари.

Scroll to Top