Top Sport

„Делии“ најавуваат бојкот поради Бошњакот Омиќ

Новиот кошаркар на Црвена звезда, Ален Омиќ дебитираше за белградскиот тим со лош натпревар, додека популарните „Делии“ најавија дека ќе го бојкотираат клубот сè додека тој е во клубот.

„Претседателот на клубот, Небојша Човиќ побара состанок за да не праша што мислиме за доаѓањето на Омиќ. Ние го кажавме своето и бевме против неговото доаѓање и сите го знаат тој став. Овој чин е неприфатлив и почнува бојкотот. Делиите не доаѓаат на мечеви додека тој играч е тука“, се вели во соопштението на „Делии“.

Омиќ доби серија навреди од навивачите во текот на петочниот меч, а кулминацијата се достигна кога се извади транспарентот „Шиптар, Хрват, Балија, не се моја братија“.

Самиот Омиќ вели дека не го видел транспарентот.

„Јас дојдов тука поради навивачите, бидејќи знам дека Звезда има најдобри навивачи во историјата, дојдов за овој дрес. Транспарентот не го видов, бев концентриран на кошарката“, изјави Омиќ.

Нaвредлива порака за новиот играч на Црвена звезда

Scroll to Top