Top Sport

Италијанска работа – Лотито и Марота за малку ќе се степале

Италијанскиот дневен весник „Ла република“ тврди дека претседателот на Лацио, Клаудио Лотито и претседателот на Јувентус, Бепе Марота за малку ќе се степале на состанок на шефовите на тимовите од Серија А.

Состанокот меѓу шефовите на 20-те тимови од италијанската лига се случи во петокот додека трае дебататата кој ќе биде следен претседател на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) како замена на Карло Тавекио.

Лотито и Лацио стојат зад претседателот на „Лега национале дилетанти“ (федерација на аматерски фудбалери на Италија), Козимо Сибилија, додека Јуве и Марота го преферираат Џанлука Грава.

Лотито смета дека тој е еден од клучните луѓе во смената на Тавекио, и на состанокот  тој се потсмевал со Јувентус, на што Марота не реагирал најдобро и морале да бидат разделувани од своите колеги.

Scroll to Top