Кошаркарскиот клуб Олимпијакос покажува интерес за Американецот со српски пасош Чарлс Џенкинс, објавија грчките медиуми.
„Спорт24“ тврди дека тренерот на Олимпијакос Јоргос Барцокас има високо мислење за Џенкинс кого го тренираше пред две сезони во Химки.
Американецот минатата сезона се врати во Црвена звезда и потпиша 1+1 договор, што значи дека тој би можел да замине од Белград.
Искусниот бек (31) е еден од најдобрите одбрамбени кошаркари во Европа. Сезонава во Евролигата во просек по натпревар бележел 6,7 поени, по два скока и асистенции и 1.2 украдени топки.