Top Sport

Менхенгладбах се засрамени и шокирани од расистичките коментари

Фудбалскиот клуб Борусија од Менхенгладбах се огласи со сооштение во кое наведува дека во клубот биле „апсолутно шокирани“ од количината на расистички коментари кои пристигнале на нивните профили на социјалните мрежи поради јавната поддршка која од клубот ја доби движењето „Black Lives Matter“.

Борусија во неделата им се приклучи на Дортмунд, Баерн, Мајнц, Херта, Шалке и Келн кои претходно го поддржаа движењето.

„Ги молиме сите оние што не ги делат вредностите на Борусија Менхенгладбах да го прекинат своето членство во клубот. Продолжуваме со бришење на сите расистички и навредливи коментари и коментарите кои шират омраза. Длабоко сме засрамени поради ова“, стои во соопштението.

Борусија има 150.000 регистрирани навивачи.

Клубот објави видео-снимка и соопштение кое започнува со сликата на напаѓачот Маркус Турам кој на 31 мај стана првиот играч во Германија кој клекна и на тој начин ги поддржа протестите поради убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис.

Видеото потоа продолжува со сликата на Џејдон Санчо кој носи маица со која исто така ја поддржува кампањата, а во продолжение има слики на црномурни фудбалери од останатите клубови.

Scroll to Top