Арон Рамзи по само една сезона би можеч да замине од Јувентус. Велшанецот минатото лето без обесштетување пристигна во Торино.
Бидејќи пристигна како слободен играч Јувентус на Рамзи му понуди голема плата, тој заработува 400.000 евра неделно, а неговиот договор истекува во 2023 година.
Во Јувентус не биле задоволни од она што го понудил Рамзи, со неговата продажба тие ќе го растоварат буџетот.
Наводно најголем интерес за него покажале од Манчестер Јунајтед. Некои медиуми од Англија тврдат дека двете страни веќе ги започнале преговорите.