Џанлуиџи Донарума сака да остане во Милан и да го продолжи договорот, кој би вклучувал откупна клаузула од 60 милиони евра, тврди „Кориере дела сера“.
„Росонерите“ ги продолжуваат преговорите со неговиот агент Мино Рајола, но Донарума јасно кажал дека сака да остане бидејќи веќе нема интерес од ПСЖ, Јувентус, Реал Мадрид или Манчестер јунајтед. Со очекуваниот пад на вредноста на фудбалерите поради кризата со корона вирусот, договорот би бил продолжен до 2023 или 2024.
Слично, неговата плата ќе остане релативно иста, околу 6 милиони евра по сезона.