Белгиецот Дрис Мертенс ќе го продолжи договорот со Наполи, потврдил претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис.
Првиот човек на Наполи не открил колку ќе трае новата соработка, само истакнал дека би сакал 33 годишниот напаѓач кариерата да ја заврши на „Сан Паоло“.
„Тој навистина е посебен. Најчесто не потпишуваме договори со фудбалери кои се на негова возраст, но со Мертенс немавме дилема. Дури и кога ќе ја заврши кариерата би сакал да продолжиме да соработуваме“, рекол Де Лаурентис.
Дрис Мертенс во саботата стана најдобриот стрелец во историјата на Наполи. Со неговиот гол против Интер, Наполи избори пласман во финалето на италијанскиот Куп.
Финалето Наполи-Јувентус ќе се одигра во среда, во Рим.