Енди Кол признава дека бил „заслепен“ кога застанал во тунелот покрај Роналдо пред дуелот на Манчестер јунајтед против Интер во Лигата на шампионите во 1999 година, додавајќи дека за малку ќе се „намокрел“.
Кол беше фудбалер на Јунајтед од 1995 до 2001 година, постигнувајќи 121 гол во 275 настапи и освојувајќи девет големи трофеи, а беше и дел од составот кој во 1998/99 ја освои тројната титула. Јунајтед играа против Интер во четврт-финалето таа сезона, победувајќи на „Олд Трафорд“ со 2:0, кога Роналдо не беше во составот, пред дуелот на „Сан Сиро“.
Кол вели дека било „нереално“ да се сретне со освојувачот на „Златната топка“ и дека нервите за малку ќе го победеле.
„Се сеќавам кога игравме со Интер истата сезона и застанав во тунелот го видов Роналдо и нема да лажам, за малку ќе се помочав. Тоа е човекот кој го гледав со години. Зборуваме за врвен фудбалер, а одеднаш стојам до него. Си помислив: ’Човеку, на исто ниво сум со овие момци’. Нереално! Секогаш сум бил искрен за такви работи. Тоа ми дава шанса да погледнам назад и да им кажам на моите синови: ’Бев таму!’“, вели Кол.