Капитенот на шпанската репрезентација која го освои Светското првенство во 2010, Икер Касилјас ја повлече кандидатурата за претседател на Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ), велејќи дека е потребно единство во кризата со корона вирусот.
Одлуката на Касилјас, кој ја вршеше кампањата од февруари, значи дека сегашниот претседател Луис Рубијалес ќе биде избран без противкандидат во август. Касилјас преку Твитер објасни дека одлуката ја донел поради „исклучителни социјални, економски и здравствени услови во земјата“.
„Со овие последици, изборите се во втор план. Мислам дека е време да се обединува, а не да се дели. Сакав фер избори за најдоброто во шпанскиот фудбал и се надевам дека следните избори ќе се случи тоа со мене или со други кандидати“, вели Касилјас, кој има 167 настапи за шпанската репрезентација.
COMUNICADO OFICIAL pic.twitter.com/ag9CKjFDr0
— Iker Casillas (@IkerCasillas) June 15, 2020