Top Sport

Папе Геје потпишал договор со Вотфорд, сега се пишмани

Премиерлигашот Вотфорд планира да го регистрира 21-годишниот Папе Геје како свој фудбалер на 1 јули и покрај тоа што сегашниот фудбалер на францускиот Ле Авр инсистира дека веќе не сака да се приклучи на англискиот клуб.

Геје потпишал пред-договор со Вотфорд, но сега тврди дека „добивал лоши совети“ и дека ќе ги прекине односите со клубот. Ова даоаѓа откако на крајот на април, новиот менаџер на Геје, Пјер-Анри Бови изјави дека нема „фиксирано“ договор со Вотфорд.

„Ништо не е постојано. Имаме ’таканаречен’ договор од јануари и сега се обидуваме да ги решиме проблемите. Условите се многу чудни, а комуникацијата со Вотфорд никаква. Не знам каде ќе оди Папе Геје ова лето“, изјави Бови.

Фудбалерот од средниот ред е последниот од талентите кои произлегле од академијата на Ле Авр по Пол Погба, Ријад Марез и Бенжамин Менди.

Scroll to Top