Арминија Билефелд е првиот тим што избори пласман во Бундес лигата. Арминија со победата над Динамо Дрезден (4:0) теоретски обезбеди едно од првите две места на табелата во Втората германска лига.
Екипата од Билефелд со победата над Динамо Дрезден стекна девет поени предност во однос на трето пласираниот Штутгарт, а бидејќи има подобар меѓусебен скор со „швабите“ на три кола до крајот и теоретски обезбеди пласман во Бундес лигата.
Последне пат во елитната германска конкуренција Арминија играла во сезоната 2008/2009.
Во последните три кола во Цвајта ќе се води жестока борба за второто и третото место. Второто место води директно во Бундес лигата, додека третото место носи пласман во баражот со 16 пласираниот тим во Бундес лигата.
На табелата на второто место е ХСВ со 53 поени, еден повеќе од Штутгарт и два од Ханденхајм.