Рекордната 20. гренд слем титула на Роџер Федерер донесе и контроверзи, откако Марин Чилиќ призна дека не бил консултиран за тоа дали да се игра под затворен покрив на арената „Род Лејвер“.
Самиот хрватски тенисер инсистираше дека затворениот покрив не му дала предност на Федерер , откако температурите во Мелбурн стигнаа до 38 степени, а женската финалистка Симона Халеп заврши во болница откако женското финале се играше без затворен покрив.
„Не, тие не ме прашаа за покривот, туку само дојдоа и ми кажаа дека размислуваат за одлуката и дека таа ќе биде направена пре мечот. Тоа не ми пречеше, но разликата во температурата беше огромна. Надвор беше 38, а внатре 23-24 степени. Многу постудено отколку што очекував“, изјави Чилиќ.
Пет Кеш посочи дека со затворен покрив Федерер бил во предност, бидејќи тој игра „порано“ на топките и ветерот на отворен терен може да влијае на насоката во која се движи. Чилиќ не сакаше да бара изговори.
„Не знам. Јас гледам на мојата страна и не ги почувствував тие услови претходно. Имав спор меч и тоа е тоа“, додаде Чилиќ.