Top Sport

Сари побарал во Јувентус да му го донесат Ковачиќ

Маурицио Сари, тренерот на Јувентус, на клупските челници им порачал дека во тимот го сака играчот на Челси, Матео Ковачиќ. Сари и хрватскиот репрезентативец соработуваа во Челси во сезоната 2018/2019.

Како што пишува „Калчомеркато“, Јувентус биле подготвени да издвојат одредена сума на пари и во Лондон да го испратат Арон Рамзи во замена за Ковачиќ.

Рамзи минатото лето како слободен играч пристигна во Јувентус, потпиша четири годишен договор за плата од осум милиони евра. Факте е дека Велшанецот нема добра сезона поради што во клубот сакал деа се ослободат од неговата голема плата.

Прашање е само дали Френк Лампард ќе сака да остане без Ковачиќ, бидејќи под негово водство Хрватот игра одлично во синиот дрес.

Scroll to Top