Камерунецот Маки Бањак од наредната сезона ќе го носи дресот на фудбалскиот клуб Партизан. Бањак во Белград ќе пристигне од редовите на Олимпја Љубљана.
Маки Бањак ја минал академијата на фудбалската ѕвезда Самуел Ето а потоа бил и дел од Ла Масија, академијата на фудбалскиот клуб Барселона.
Во кариерата потоа играл за Нант, Сарагоса, Адмира Вакер и Олимпија.
За трансферот на овој фудбалер Партизан издвоиле 500.000 евра, а Олимпија ќе добие и одредени бонуси, како и процент од наредната продажба на фудбалерот.
Бањак доаѓа на местото на Страхиња Павловиќ кој за сума од 10 милиони евра ќе се пресели во Монако.