Top Sport

Неверојатен рекорд на Кингсли Коман

Фудбалерите на Баерн Минхен синоќа ја обезбедија осмата шампионска титула во низа, во Бундеслигата. Баварците, иако се мачеа во есенскиот дел од првенството, на крајот релативно лесно дојдоа до трофејот, откако на две кола до крајот стекнаа недостижна предност во однос на Борусија Дортмунд.

Во центарот на вниманието по освојувањето на титулата се најде фудбалерот на Баррн Кингсли Коман.

Францускиот фудбалер кој се уште нема полни 25 години стигна до својот деветти последовен трофеј. Ова е единствен ваков подвиг во фудбалската историја.

Коман професионално игра фудбал од својата 16 година. Првиот трофеј го освоил со матичниот клуб ПСЖ во 2013 година, а со францускиот клуб најдобар бил и наредната година. Потоа направи трансфер во Јувентус и освои две титули во Италија.

Со трансферот од Јувентус во Баерн само ја продолжи неверојатната низа на освојување шампионски трофеи.

Оваа низа на Коман може да потрае бидејќи Баерн е доминантна сила во Германија и прашање дали некој во наредните години ќе може да им се спротивстави на фудбалерите од Минхен.

Scroll to Top