Кристијано Роналдо му го честиташе 10-тиот роденден на својот најстар син Кристијано Јуниор со фотографија со него.
„Не ми се верува дека моето момче има 10 години! Времето минува… Секогаш си бил извор на гордост за твојот татко кој те сака многу. Честитки, кученце! Среќен ден! Те сакам најмногу“, напиша Роналдо.
Кристијано Роналдо Јуниор е роден во САД и фудбалерот на Јувентус има целосно старателство на момчето, чија мајка никогаш јавно не е објавена.
Близнаците Ева и Матео се приклучија на семејството во 2017, родени од сурогат-мајка во САД, додека партнерката Георгина Родригез се породи со ќеркичката Алана Мартина истата година.