Милан со 2:1 го совлада Наполи за конечно да стигне до добар резултат под водство на Џенаро Гатузо за скок на седмото место, иако со 10 поени зад местото кое води во Лигата на шампионите.
Патрик Кутроне и Џек Бонавентура постигнаа голови со глава за победа над Лацио, тим со кој ќе се сретнат повторно во полуфиналето на Копа Италија веќе во среда.
По одличниот слободен удар на Чалханоглу, Кутроне успеа да го совлада Стракоша во 15. минута. Меѓутоа, само пет минути подоцна, Адам Марушиќ го наттрча Лука Антонели и постигна одличен гол. Милан ја врати предноста преку одличното додавање на Давиде Калабрија кое ја најде главата на Бонавентура.
Лацио имаше само девет победи во 74 гостувања кај Милан, а последен пат триумфираа во Серија А на „Сан Сиро“ во септември 1989 година.