Словенецот Анже Семенич ја оствари својата прва победа од Светскиот куп во скијачки скокови со триумф на големата скокалница во Закопане, Полска.
И покрај силниот ветер, Семенич собра 245.6 поени со скокови од 134.5 и 137.5 метри за да ги победи Германецот Андреас Велингер и поранешниот шампион од СК, Петер Превц.
Пред полни трибини во Закопане, првиот фаворит Камил Стох се повлече по првата рунда, оставајќи му на 24-годишниот Семенич шанса да изненади откако беше само петти по првата серија. Лидер по првата серија беше Полјакот Штефан Хула, но на крајот тој заврши на четвртото место по слабиот втор скок.
Германецот Рихард Фрајтаг беше само 10., но останува лидер во генерален пласман со 737 поени, пред Стох со 733 и Велингер со 665.