Top Sport

Галијани: Се радував како во 2003, ја прославив победата на Наполи

Поранешниот спортски директор од најславните денови на фудбалскиот клуб Милан, Адријано Галијани, признал дека ја прослави победата на Наполи над Јувентус во финалето на италијанскиот Куп. Наполи во средата по изведувањето на пенали го победи Јувентус со 4:2.

„Прославив речиси исто како што славев во во минатото во Манчестер (Милан во 2003 на „Олд Трафорд“ со 3:2 на пенали го победи Јуве во финалето во Лигата на шампините), рекол Галијани.

Тој појаснил дека не се радувал што Јувентус останаа без трофејот во Купот туку дека Наполи од клупата ги предводи Џенаро Гатузо.

„Честитки за Гатузо. Навистина сум среќен што му се случи ова.“

Scroll to Top