Top Sport

Погба привремено остана без скапоцениот „Ролс Ројс“

Пол Погба останал без својот скапоцен автомобил „Ролс Ројс“. Полицијата го спорела играчот на Манчестер Јунајтед и му го одзела возилото бидејќи го возел со француска регистрација.

Според законите во Велика Британија автомобилите што влегле на Островото од странство и во една календарска година биле на британска почва мора да имаат „домашни“ регистарски ознаки.

Доколку пак сопственикот на возилото има постоја престој во Велика Британија тогаш мора табличките да ги префрли во рок од две седмици откако возилото ќе влезе на Островото.

Погба не ги почитувал законите поради што останал без скапоцениот автомобил.

Откако ќе плати казна од 150 фунти тој ќе може да си го земе возилото и да го регистрира во Англија.

Scroll to Top