На 78 годишна возраст во Милано почина Марио Корсо клучниот фудбалер на „Големиот Интер“.
Тажната вест ја објави Интер чии дрес од 1957 до 1973 година го носеше Корсо. Во овој период Интер под водство на тренерот Еленио Ерера доминираше во Европа.
Корсо чии прекар бил „Божјата златна левица“, за Интер одиграл 509 натпревари, бил дел од тимот кој освоил четири трофеи во Серија А и по две во Купот на шампионите и Интерконтиненталниот куп.
É scomparso Mario Corso, interista, campione eterno dotato di infinita classe. Con il suo sinistro ha incantato il mondo in una squadra che ha segnato un’epoca. I pensieri e l’affetto di tutti noi vanno alla famiglia in questo momento difficile #FCIM pic.twitter.com/AqD47xWNtX
— Inter (@Inter) June 20, 2020