Австралиецот со македонско потекло Александар Волкановски преку социјалните мрежи побарал борба за шампионот во лесна категорија во УФЦ, Хабиб Нурмагомедов. Волкановски бил подготвен да ја зголеми тежината само са да добие можност да се соочи во октагонот со големиот шампион од руската република Дагестан.
Волкановски летово има закажано борба со Американецот Макс Холовеј
„Не одобрувам кога некој по секоја цена сака да ја смени категоријата, но борба со Хабиб би била добра опција за мене. Доколку ми понудат борба со Хабиб на почетокот на наредната година ќе ја прифатам без размислување. Хабиб е еден од најголемите борци, го почитувам, но јас би сакал да се докажам во таа категорија“, напишал Волкановски и потоа испратил порака до Нурмагомедов.
„Многу е тешко да ме задржиш на партерот, невозможно е. Јас сум незапирлив. Ги почитувам сите борци во УФЦ, секој од нас сака да докаже нешто.“