Репрезентативецот на Македонија Егзон Бејтулаи (26) стави крај на авантурата во Шведска и се врати во Шкендија. Бејтулаи со екипата од тетово потпиша три годишен договор.
Бејтулаи во Шкендија се враќа по само шест месеци кои ги мина во екипата на Хелсинборг. Репрезентативецот од семејни причини решил да го раскине договорот со Шкендија
„ И покрај тоа што знаев дека ќе се вратам еден ден, никогаш не мислев дека ќе се случи толку брзо. Возбуден сум. Тетово и Шкендија се мој дом и возбуден сум што повторно сум тука за да го облечам црвено-црниот дрес, изјави за клупската интернет страница Бејтулаи.