Голманот на Арсенал Бернд Лено според првите прогнози се здоби со потешка повреда на десното колено. Гостувањето на Арсенал во Брајтон Германецот го заврши во 40 минута.
Лено и домашниот играч Мупај тргнаа на една висока топка, голманот прв стигна до неа, речиси и да немаше контакт со противничкиот фудбалр меѓутоа незгодно се приземји, целата тежина на телото остана врз десната нога. Болниот крик што го испушти Лено сугерираше дека повредата не е наивна.
Неколку минути подоцна тој на носилки беше изнесен од теренот.
Ова е нов голем удар за тренерот на Арсенал Микел Артета кој на првиот меч по ре-стартот на сезоната против Манчестер сити остана без двајца играчи.
Во средата против „граѓаните“ се повредија Гранит Џака и Пабло Мари.