Анте Будимир напаѓачот на Мајорка кариерата би можел да ја продолжи во редовите на еден од најдобрите шпански клубови, Севилја.
Мајорка има тешка сезона во која со сити сили се обидува да избори опстанок, но Будимир игра одлично. Хрватот досега има постигнато девет гола.
Неговата откупна клаузула изнесува 14 милиони евра меѓутоа спортскиот директор на Севилја, Мончи, се надева дека доколку Мајорка испадне од Ла Лига ќе може да го добие за дупло помала сума.