Top Sport

Ваљадолид се распрашува за Алексис Санчез

Кариерата на Алексис Санчез одни по надолна линија откако реши да го напушти Арсенал и за поголема плата да се пресели во Манчестер Јунајтед. Чилеанецот на „Олд Трафорд“ пристигна во јануари 2018 година.

Повредите и константно лошата форма го спречија Санчез да се наметне во Манчестер Јунајтед. На почетокот на сезоната клубот реши да го позајми во Интер.

Интер нема да го откупи неговиот договор, додека во Манчестер Јунајтед не сметаат на него. Алексис Санчез летово ќе треба да си бара нов клуб, а интерес за него покажал претседателот на Ваљадолид славниот Роналдо.

Ваљадолид со доаѓањето на Роналдо стана стабилен клуб, токму нешто такво му треба на Санчез, меѓутоа тешко е да се поверува дека тој би се согласил на таков трансфер.

Алексис Санчез три сезони играше во Шпанија, во периодот 2011-2014 за Барселона одигра 88 натпревари, на кои постигнал 39 гола.

Scroll to Top