Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед објави дека Скот Мектоминеј го продолжил договорот. Талентираниот фудбалер се обврзал да остане на „Олд Трафорд“ до 2025 година.
Мектоминеј има 23 години, во Манчестер Јунајтед е од 2012 година, а за првиот тим дебитирал во 2017 година.
„Среќен сум што го продолжив договорот и што бидам тука и во иднина. Секогаш сум бил навивач на овој клуб“, рекол Шкотланѓанецот за клупската интернет-страница.
Од дебито во 2017 година досега Мектоминеј одиграл 75 натпревари за Јунајтед.