Top Sport

Педро и Вилијан, сепак, потпишаа краткорочни договори со Челси

Иако се веруваше дека Френк Лампард нема да може да смета на нив по 30 јуни, Педро и Вилијан потпишаа краткорочни договори со Челси, по што ќе бидат слободни играчи.

На двете крила договорот им завршуваше на 30 јуни, но тие во последен момент, односно неколку часа пред 24 јуни, решија да останат на „Стемфорд бриџ“. Педро веќе има договор со Рома за од следната сезона, додека за Вилијан се заинтересирани неколку премиерлигаши. Британските медиуми тврдат дека Вилијан нема да биде достапен за мечот од Лигата на шампионите против Баерн во август.

„Сините“ играат дома со Манчестер сити во четврток, а во текот на викендот играат против Лестер во ФА купот.

Scroll to Top