Матју Бодмер, фудбалерот кој имаше шанси да игра покрај Златан Ибрахимовиќ во Пари Сен-Жермен со еден збор го опиша шведскиот ветеран: „НЛО“!
Ибрахимовиќ дојде во ПСЖ во 2012 година за 21 милиони евра, и играше до 2016 година, поминувајќи ги најдобрите сезони во Париз, постигнувајќи 156 гола во 180 настапи за да стане најдобриот стрелец во историјата на Лига 1 и да освои 12 титули со Парижаните.
Бодмер, кој имаше шанси да игра во последната година на Златан во ПСЖ вели дека било вистинско задоволство да се игра покрај Ибрахимовиќ.
„Ибрахимовиќ? Тој е НЛО! Го сакав неговиот карактер, но и неговите фудбалски таленти. ПСЖ треба да му се вечно благодарни. Да, можете да кажете дека е арогантен, но го придвижи тој тим напред“, вели 37-годишниот Бодмер, кој сега е во фудбалска пензија.
Сегашниот тренер на Евертон, Карло Анчелоти беше одговорен за носењето на Ибрахимовиќ во Париз и Бодмер вели дека сите го почитувале италијанскиот стручњак.
„Анчелоти е Анчелоти. Кога ќе го видите респектот кој го покажуваа играчите кон него, ви станува јасно. Златан, Тијаго Силва, сите. Беше лошо кога замина“, вели Бодмер.