Еден од најдобрите светски тенисери во моментов, Австриецот Доминик Тим кој беше меѓу учесниците на „Адрија тур“ турнирот во Србија се огласи на социјалната мрежа Инстаграм откако се испостави дека неколкумина негови колеги беа заразени со коронавирус.
„Шокиран сум кога ја видов веста дека има заразени на `Адрија тур`. Со недели игравме зад затворени врати и бевме среќни. Верувавме во пропишаните мерки, но бевме премногу оптимистични. Нашето однесување беше грешка, бевме премногу возбудени. Многу ми е жал“ – напиша Тим на Инстаграм.
Тој не е меѓу заразените.
„Лично се тестирав петпати во последните 10 дена и резултатот секогаш беше негативен. Им посакувам брзо опоравување на сите луѓе кои се заразени“ додаде Тим.