Холандскиот фудбалер од средниот ред, Марко ван Гинкел во редовите на Челси стигна во 2013 година, од холандски Витесе.
Тогаш како 20-годишен голем талент на европскиот фудбал ветуваше многу, но ги скина лигаментите на коленото, па само епизодни улоги добиваше воглавно на позајмици.
Најпрво беше позајмен во Милан, па во Стоук, а потоа во ПСВ Ајндховен, каде во 2018-та, повторно ги скина лигаментите.
Во каква состојба се неговите колена и дали во наредната сезона ќе добие шанса во Челси не е познато, но тој доби нов договор од „сините“.
Congratulations, Marco! ✍️
— Chelsea FC (@ChelseaFC) June 26, 2020