Милан се согласиле да им дадат краткорочни договори до 31 август на Златан Ибрахимовиќ, Лукас Биља и Џакомо Бонавентура, со што ги обезбедуваат нивните услуги до крајот на сезоната, пред најавениот „ремонт“ под водство на Ралф Рангник за 2020/21.
Договорите на тројцата фудбалери завршуваа на 30 јуни, но тие и претходно најавија дека сакаат да ја завршат сезоната со „росонерите.
Слично, Симон Кјер, Асмир Беговиќ и Алексис Селемакерс ќе ја завршат сезоната со Милан, откако клубот обезбеди краткорочно продолжување на нивните договори за позајмица.