Top Sport

Фавр останува на клупата на Борусија Дортмунд

Борусија Дортмунд не размислува за менување на тренерот Лусиен Фавр  и покрај тешкиот 0:4 пораз против Хофенхајм (0:4) во последното коло од сезоната 2019/20, потврди генералниот менаџер Ханс-Јоаким Вацке.

Дортмунд беа „торпедирани“ од Андреј Крамариќ, кој им даде четири гола на „Сигнал Идуна парк“, по што во германските медиуми се појавија шпекулации дека Фавр ќе замине откако не успеа да го спречи Баерн Минхен да освои осум титули во низа. Вацке вели дека фудбалерите треба да ја преземат одговорноста, велејќи дека Фавр добива остри напади од медиумите.

„Секој тренер на светот би го загубил вчерашниот натпревар, бидејќи тоа беше тимска грешка. Претходно, против Лајпциг го имавме можеби најдобриот меч во последните неколку години. Фавр двапати донесе до второто место и уште има договор. Треба да има шанса да ги надмине предрасудите во германските медиуми“, вели Вацке.

Scroll to Top