ММА легендата Џина Карано објави разголена фотографија на Инстаграм и со цитат од поп-легендата Принс сакаше да ја изрази својата сексуалност.
„За мене слободата е секси. Слободата е толку секси што не можам да ви објаснам. Се будите секој ден и се чувствувате дека можете да направите сè“, пишува Карано.
38-годишната Карано е пионер на женските борби во ММА, откако прво беше кик-бокс ѕвезда, пред да се повлече во 2009 година и да не добие шанса во УФЦ. Таа подоцна стана холивудска ѕвезда со настапи во филмовите „Fast & Furious 6“ и „Deadpool“. Карано одби понуда да дебитира во УФЦ против Ронда Раузи пред неколку години откако не успеа да најде тим за тренирање.