Актуелниот вицепрвак во НБА лигата доживеа пораз во Детроит 125:114 и на неодреден период остана без втоито клучен играч во тимот Кевин Лав.
Крилниот центар по неколку минути од почетокот на натпреварот во Детроит, во дуел со центарот на Пистонс Ентони Толивер се здоби со фрактура на раката.
Според се уште непотврдени информации 29-годишниот кошаркар ќе отсуствува од кошаркарските терени околу два месеци.
Kevin Love likely out 6-8 weeks
— Brian Windhorst (@WindhorstESPN) January 31, 2018
Лав сезонава има просек од 18,2 поени и 9,6 скока по натпревар. Поради повредата тој ќе го пропушти Ол стар натпреварот кој на програмата е на 18 февруари во Лос Анџелес.
Re: Kevin Love: Time missed will be dictated by whether or not he needs surgery. He’s previously missed time w/ fractures to his left 4th metacarpal (2009-10) & his right 3rd & 4th metacarpals (2012-13).
— Jeff Stotts (@InStreetClothes) January 31, 2018
Инаку против Детроит најефикасни кај Кливленд беа Леброн Џејмс со 21 поен, 6 скока и 7 асистенции, односно Ајзеа томас со 19 поени, 3 скока и 5 асистенции.
На спортивната страна целата стратна петорка на Детроит постигна двоцифрен број на поени, најмалку 19 реализира Еш Смит, најефикасен беше Стенли Џонсон со 26 поени, а блескаше Андре Драмонд со 21 поен, 22 скока и 7 асистенции.