Top Sport

Го купиле за 1,5 милиони евра, наредниот ден го продале за пет милиони

Фудбалскиот клуб Шарлроа за само 24 часа успеа да заработи 3,5 милиони евра. Имено клубот најпрвин го купи Габонецот Доди Лукебакио за 1,5 милиони евра, а веднаш потоа играчот го продаде во Вотфорд за сума од 5 милиони евра.

Лукебакио (20) за Шарлроа настапуваше како позајмен играч од Андерлехт. Откако во клубот ппристигнала информацијата дека за играчот покажува интерес Вотфорд, челниците реагирале експресно.

Го искористиле правото да го откупат неговиот договор од Абдерлехт за 1,5 милиони евра, а нецели 24 часа подоцна Габонецот во трансфер вреден 5 милиони евра се пресели во Премиер лигата, во Вотфорд.

Габонецот со Вотфорд потпиша договор до јуни 2022 година.

Scroll to Top