Top Sport

Валенсија го отпушти тренерот

Шпанскиот стручњак, Алберт Селадес не е повеќе тренер на екипата на Валенсија.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Управата се одлучила на ваков чекор по 3 порази на последните 4 меча на „лилјаците“. Валенсија моментно е осма на табелата во Ла Лига.

Валенсија сезонава играше нокаут фаза во Лигата на шампиони, откако во групната фаза го изненадија Ајакс, минатогодишниот полуфиналист.

Сега „лилјаците“ се на 9 бода од место кое води во ЛШ идната сезона, и на само 1 бод од позиција која им гарантира настап во ЛЕ.

Селадес беше отпуштен поради неколкуте врзани порази.

Тој како играч има настапувано и за Реал Мадрид и за Барселона, а своевремено бил и селектор на младата селекција на Шпанија.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');