Германскиот репрезентативец Месут Езил, во средата, го продолжил договорот со Арсенал до 2021 година, објави Би би си.
Фудбалерот кој во Арсенал пристигна во 2013 година од мадридски Реал според новиот договор ќе има неделна плата од 350.000 фунти (околу 400.000 евра) со што стана најплатениот играч во клупската историја.
Освојувачот на светската титула со Германија во 2014 година, за четири сезоно во Арсенал има одиграно 182 натпревари, на кои постигнал 36 гола. Со лондонскиот тим Езил три пати го освои трофејот во Фа купот, а еднаш го кренал пехарот наменет за поедникот во англискиот Суперкуп (Комјунити шилд).
За Германија Езил има одиграно 88 натпревари и постигнато 22 гола.
Според неделната плата зад Германецот се Александар Лаказет (200.000 фунти) и двете последни засилувања Пјер-Емерик Обамејанг (180.000) и Хенрик Мхитаријан (170.000).