Поранешната ѕвезда на Арсенал, Емануел Адебајор го раскина договорот со парагвајскиот клуб Олимпија поради невозможноста да патува до Јужна Америка за време на пандемијата на корона вирусот.
36-годишниот Тогоанец потпиша за Олимпија во февруари откако си замина од турскиот Кајзериспор во декември 2019 година и беше најавуван како големо засилување, пред да одигра четири меча во националната лига и Копа Либертадорес пред суспензијата на фудбалот во Парагвај во март.
Во Јужна Америка има над 2 милиони позитивни случаи на корона вирус, од кои повеќе од половина во соседот на Парагвај, Бразил. Во самиот Парагвај има над 2.000 случаи со 17 починати. Адебајор беше во својата татковина Того по паузата на шампионатот.
Олимпија беше само еден во низата клубови во неговата кариера, по Мец, Монако, Арсенал, Манчестер сити, Реал Мадрид, Тотенхем, Кристал палас, Башакшехир и Кајзериспор.
Comunicado Oficial – Official Statement
Emmanuel Adebayor pic.twitter.com/bKHP0NweIu
— Club Olimpia (@elClubOlimpia) June 30, 2020